Чиста вода и чист воздух

Здравје за сите!

Обезбедуваме чиста и здрава вода за пиење и чист воздух, зашто тие се клучни за здравје и за живот. За нас ништо не е поважно од здравјето на луѓето.

Граѓаните се јасни и сериозни во своите барања, а ние одговорно го слушаме и го разбираме крикот за чиста животна средина.

Создадовме план и проекти за зголемен капацитет и за професионална услуга на јавните комунални претпијатија, преку намалени трошоци за граѓаните.

Се обврзавме постојано и навремено да ги чистиме депониите и каналите, да вложуваме во колекторски системи, пречистителни станици, регионални фабрики за третман на цврстиот комунален отпад и во енергетски ефикасни објекти.

Обезбедуваме услови за здрав живот за сите.