Повеќе пари кај граѓаните
Можности за сите!Ја активиравме спиралата на покачување на платите.
Носиме директна поддршка за домашните фирми, пред се за малите и средните претпријатија. Обезбедуваме еднакви услови и за странските инвеститори.
Вложуваме во младите, отвораме бизнис хабови, ги здружуваме бизнисите, општината и граѓаните, со единствена цел – нови и подобро платени работни места.
Обезбедуваме повеќе пари за општините, а со тоа и повеќе можности и повеќе пари за секој граѓанин на локално ниво.
Ја вклучуваме бизнис заедницата во дефинирање на приоритетите на општината и воведуваме бизнис форуми како редовна активност за проектирање и следење на локалниот економски развој.
Активностите на сите се важни, а посветената и одговорна работа ги носи парите директно кај граѓаните.