Отворена и услужна
Општина за сите!Ја отвораме локалната самоуправа за да може секој граѓанин да добие навремени, квалитетни и евтини услуги.
Граѓаните ќе ги добијат сите потребни услуги на едно место, и од органите на локалната, и од органите на централната власт. Воведуваме електронски систем на услуги и мобилни канцеларии кои ќе нудат услуга во секое село.
Ги вклучуваме граѓаните во креирањето на буџетот, во носењето одлуки и во контролата на власта. Воведувзме строго наменско, транспарентно, домаќинско и одговорно користење на буџетските средства, преку редовно известување за сработеното.
Ја враќаме моќта на месните и урбаните заедници, ги опремуваме со технички услови и го зајакнуваме нивниот правен статус.
Обезбедуваме ефикасен јавен превоз, пријатни детски градинки, чисти и загреани училишта. Обезбедуваме поддршка и помош за најзагрозените семејства и за лицата со посебни потреби.
Гарантираме признавање и препознавање на сите демократски механизми како петиции, претставки, референдуми и други граѓански иницијативи.
Воведуваме нов модел на отворена и услужна локална самоуправа, општина за сите.