Живот во Зрновци

за сите!
Програма

Чиста вода за сите, реконструкција и доградба на водоводната мрежа

Пристапуваме кон реконструкција, доградба и обнова на водоводната мрежа и овозможуваме и граѓаните од населените места Мородвис и Видовиште да добиваат питка, здрава и чиста вода.

За чист воздух и здрава животна околина ефикасно ќе менаџираме со отпадот

Ја рестартираме постоечката нефункционална фабрика за рециклирање и селекција на комунален отпад и поставуваме контејнери за селектиран отпад на повеќе локации, но ќе бидат обезбедени и специјални комунални возила за транспорт на комуналниот отпад.

Градиме мали акумулации на Зрновска река за постојано водоснабдување на земјоделските површини

Обезбедуваме непрекинато водоснабдување за земјоделците и нивните насади, посебно во сушните летни денови кога нивото на вода во Зрновска река се намалува, со изградба на мали брани-акумулации кои ќе осигураат постојан дотур на вода за наводнување.

За унапредуваме спортот, го реконструираме фудбалскиот терен

Зрновци ќе добие модерен фудбалски терен кои ќе ги задоволува стандари за одржување на натпревари во регионалните лиги. За младите луѓе од Зрновци ќе се создадат услови за здрав живот, спорт и рекреација.