Живот во Зелениково

за сите!
Програма

Градиме по план, целосна реконструкција на регионалниот пат Драчево – Зелениково

Во соработка со ресорното министерство и со соседните општини ќе работиме на исполнување на заедничкиот интерес на граѓаните за комплетна реконструкција на регионалниот пат што ги поврзува Драчево и Зелениково. Обезбедуваме сигурност и безбедност во сообраќајаот за граѓаните и побрз транспорт на стоки и услуги.

Создаваме услови за изградба на вештачка акумулација на Кадина Река

Ќе работиме на создавање на услови за изградба на вештачка акумулација на Кадина Река кај сливот во Вардар и ќе го искористиме водениот потенцијал за наводнување на земјоделските површини и за отворање на можностите и перспективите за идно домашно производство на електрична енергија.

Градиме по план, за безбеден и брз сообраќај асфалтираме локални улици, санираме опасни кривини, тампонирме патишта

Работиме на поврзување на скоро сите населени места во општината, преку асфалтирање на нови улици и реконструкција на постоечките. Преку реконструкција ќе ги санираме двете опасни кривини на новоизградениот пат Таор – Жаничино за којшто се констатирани неколку отстапки во изградбата и ќе извршиме тампонирање на патниот правец Страхојадица – Тисовица.