Живот во Врапчиште

за сите!
Програма

Квалитетна вода за сите

Реконструкција на застарената водоводна мрежа во Врапчиште (и изградба на прочистителна станица), реконструкција на водоводната мрежа во Зубовце, Галате, Неготино, Градец, Ѓурѓевиште, Ломница, Врањовце, на дел во Добридол.

Здравје за сите, изградба на нов здравствен дом

Изградба на здравствен дом опремен со современа опрема и со стручен кадар, со дежурна служба, кој ќе ги задоволува стандардите и потребите на над 30.000 жители од општината.

Функционална фекална и атмосферска канализација, за здрава животна средина

За здрава животна средина, градиме фекална и атмосферска канализација што ќе го реши долгогодишниот проблем на граѓаните и ќе ги намали поплавувањето на улиците и загадувањето на почвата.

Чист воздух за сите, го решаваме проблемот со дивите депонии

Ќе ги отстраниме дивите депонии во општината, со што ќе придонесеме за чист воздух и за здрава животна средина на граѓаните.

Чистење и реконструкција на мрежата за наводнување

Ги чистиме каналите за наводнување и градиме нови. Ќе формираме водни заедници што ќе овозможат правилно и непречено користење на водата за наводнување.