Живот во Виница

за сите!
Програма

Квалитетна вода за сите и пристап до канализација

Градиме нов бунар за водоснабдување,  нов резервоар за вода и зголемување на капацитетот на постоечката филтер станица. Комплетно ќе ја реконструираме водоводната мрежа заменувајќи ги старите азбестни цевки, со нови полиетиленски. Ќе обезбедиме приклучок на канализација и вода за секое домаќинство во градот и ќе градиме систем на канализација со мали пречистителни станици во поголемите населени места.

Градиме по план, модерен покриен градски пазар по европски терк

Покриениот градски пазар (на местото на постоечкиот) со обезбеден паркинг простор ќе го подобри пристапот на граѓаните на Виница и околните места до здрави и свежи продукти и ќе го поттикне локалниот економски развој.

Патна инфраструктура за сите, за безбеден и ефикасен сообраќај

Покрај изградбата на булевар на влезот на Виница од Горица до бензинската на Макпетрол, итно ќе ги асфалтираме и улиците 4-та Македонска бригада, Рајко Жинзифов, Видое Смилевски Бато; Македонска; Иво Лола Рибар; Кирил и Методиj; Јане Сандански; Гоце Делчев за поефикасен и побебзеден сообраќај за сите

Парите назад кај граѓаните,  ги намалуваме комуналиите до 30%

Во следните 4 години ја намалуваме цената на водата до 30%, цената на ѓубрарината до 30% и другите комунални давачки ги намалуваме до 30%.

Ја унапредуваме животната средина за здравје за сите

Носиме Еколошки план и програма за еколошка здрава средина и поквалитетен живот. Ќе ги расчистиме сите диви депонии на територијата на општина Виница, строго ќе ги санкционираме загадувачите на животната средина, ќе ги озелениме и хортикултурно ќе ги одржуваме сите слободни површини во градот и  редовно ќе ги чистиме речните корита.