Живот во Вевчани

за сите!
Програма

Го враќаме сјајот на ремек делото на вевчанската архитектура

Ќе ја реконстуираме и пренамениме старата училишна зграда во објект за културна дејност  со поставки од музејска вредност поврзани со  богатото културно наследство на Вевчани.  Дел од просторот ќе биде наменет за младински културен центар, за ликовни изложби, промоции итн.

Инфраструктура за сите

Партерно ќе го уредиме централното подрачје во консултација со врвни архитекти. Ќе го доизградиме патот Фабрика Вевчанка – Здравствен дом, ќе изградиме обиколница околу Вевчани и пат Варвара – Подгорци. Ќе ги изградиме локалните патишта Попој – Варвар, Св. Петка – Средни пот, Каланој – Ресторан Пелвец, Мурџеј – Попој и ќе пробиеме неколку локални  патишта. Ќе изградиме потпорен ѕид со ограда на патот за Костојчини. Ќе ги довршиме останатите помали улици во Вевчани и ќе ги реставрираме оштетените улици.

Чисто Вевчани, здравје за сите

Ќе ја довршиме канализационата мрежа во Вевчани, ќе го зголемиме опсегот на чистење на улиците во Вевчани и редовно ќе ја одржуваме прочистителната станица.

Развој на земјоделството, развој на Вевчани

Ќе создадеме услови за развој преку ревизија на доделувањето на државното земјоделско земјиште и субвенциите кои ќе ги добиваат вистинските земјоделци и сточари. Ќе поттикнуваме окрупнување на земјоделците и сточарите  во задруги и ќе помагаме во изготвување на проекти за конкурирање пред европските фондови.

Зелено Вевчани

Ќе ги озелениме улиците низ Вевчани. Нови паркови ќе изградиме,  а постоечките ќе ги обновиме и одржуваме. Редовно ќе го чистиме коритото на Вевчанска река.

Вевчани како туристички бисер

Ќе го вратиме членството на Вевчанскиот карневал во асоцијацијата на карневалски градови. Ќе изградиме отворен базен и аква парк за да ја збогатиме туристичката понуда. Ќе понудиме преку јавно-приватно партнерство локации за изградба на сместувачки капацитети и ќе помогнеме во промоција на сите капацитети преку бизнис ангели. Ќе изградиме полетни стази за параглајдерски летови, ќе обележиме и уредиме патеки за планински велосипедизам.  Ќе изработиме туристичка мапа на Вевчани.