Живот во Велес

за сите!
Програма

Нов трговско-деловен центар „Градски пазар“

Градиме нов модерен трговско-деловен центар „Градски пазар“ по европски стандарди, со обезбедени паркинг места, деловни простории и прилагоден за лицата со посебни потреби. Пазарот не смее да биде запуштен и нуреден, таму се продава храна која ја конзумираат граѓаните.

Катна гаража во центарот на градот

Го решаваме сообраќајниот метеж во центарот на градот со изградба на нова модерна катна гаража којашто ќе ги задоволува стандардите за енергетска ефикасност.

Обезбедуваме гасификација на Велес, за почист воздух и за пониски трошоци

За здрава животна околина, пониски трошоци и за економски развој на општината ќе донесеме гас до секое училиште, амбуланта, детска градинка, институција, до фирмите и до секое домаќинство во Велес.

Градиме затворен базен во Васил Главинов

Во дворот на училиштето „Васил Главинов“ градиме затворен базен за релаксација, спорт и здрав живот на учениците и на граѓаните на Велес.

Регулирање на дел од коритото на реката Вардар

Го регулираме кејот на реката Вардар со фазно продолжување на изградбата и ги решаваме долгогодишните проблеми со поплави во пониските делови од центaрот на градот. Велес заслжужува и ќе добие уреден кеј на реката Вардар!