Живот во Василево

за сите!
Програма

Функционални канализации и канали, за здрава животна средина

Изградба на фекална канализациона мрежа во Василево, во Добрашинци, Градашорци, Владевци, Радичево, Дукатино, Седларци. Проширување на канализациската мрежа и изградба на атмосферска канализација во Ангелци, Пиперево и на други места.  Реконструкција на одводен канал во Василево и Пиперево.

Градиме патна инфраструктура за безбеден сообраќај

Асфалтирање и реконструкција на локални улици во сите населени места. Сообраќајно решавање на приклучок со магистрален пат кај село Владевци и во Дукатино. Изградба на тротоари во Ангелци, Василево и на други места.

Градиме по план, детска градинка и детски игралишта

Изградба на нова детска градинка во Градошорци. Изградба на детски забавни паркови во сите населени места и нивно опремување со играчки специјално наменети за такви места: лулашки, нишалки, справи за вежбање.

Изградба на регионална депонија, за почиста општина

Го решаваме проблемот со комуналниот отпад во општина Василево и целиот југоисточен плански регион со што обезбедуваме почиста општина, почист регион.

Реконструкција на домовите на култура во Градашорци, Василево, Радичево, Нова Маала

Во домот на културата во Градошорци ќе изградиме просторија за месна канцеларија, за клуб за пензионери, две деловни простории за мали занаети и голема сала за одржување културни и други манифестации. Комплетно ќе ги реконструираме и домовите во Василево и Радичево (со цел овозможување на простор за отворање клуб на пензионери) и Нова Маала (пренамена во спортска сала).