Живот во Свети Николе

за сите!
Програма

За почист воздух и пониски трошоци обезбедуваме гасификација на Свети Николе

За здрава животна околина, пониски трошоци и економски развој на општината ќе овозможиме достапност на гасот како евтин енергенс до секое училиште, амбуланта, детска градинка, институција, до фирмите и до секое домаќинство во Свети Николе.

Ја менуваме водоводната мрежа, за здрава и чиста вода за пиење

Ги заменуваме старите азбестни водоводни цевки со пластични го решваме повеќедеценискиот проблем со недостиг на квалитетна вода за пиење од градскиот водовод.

Ја подобруваме јавната чистота, за здрава живтона средина за сите

Инвестираме во набавка на две нови возила за собирање смет и поставување на нови контејнери низ општината за ефикасно усправување со сметот, подобрена јавна чистота и здрава животна средина за сите.

Нов градски пазар, за унапредување на локалниот економски развој

Наместо досегашниот импровизиран пазар, Свети Николе ќе добие нов модерен функционален градски пазар со што ќе се подобрат условите за работа, ќе се зголеми безбедноста на храната и ќе се поттикне локалниот економски развој.

Градиме по план, повеќе паркиралиштата за слободни и проодни улици

Ги ослободуваме улиците од сообраќајниот метеж со изградба монтажни паркинг места во централното градско подрачје.