Живот во Струмица

за сите!
Програма

Градиме по план, ново булеварско поврзување на градот Струмица и нова транзитна обиколница

Поради актуелниот и забрзан развој на градот, градиме булеварско решение кое ќе го поврзува градското јадро покрај Светилискиот канал кој граничи со новиот урбан простор на Касарната и Софилар, во правец кон населеното место Добрејци. Градиме нова обиколница – транзитен пат од клучката кај населено место Куклиш покрај река Тркања низ индустриска зона “ЈУГ”во правец на населено место Добрејци поврзувајќи се со магистралниот пат А4, во должина од 5800 метри.

Го оплеменуваме Градскиот парк со нови содржини

Го разубавуваме Градскиот парк со ридест зелен појас, со пешачки, велосипедски и скејт патеки и паркинг за посетителите на градскиот парк. Ќе поставиме клупи и видиковци, патеки за трчање и дел за пикник, со посебна локација за парк за миленици, како и простор за картинг.

Систем за управување со отпад

Во поширокото централно градско подрачје како што се бул. Ленинова, бул. Гоце Делчев, бул. Маршал Тито, ул. Маршал Тито и ул. Младинска ќе бидат изградени подземни контењери. Тие се наменети за селекција на отпадот на три фракции и тоа: комунален отпад, ПЕТ пластика и амбалажен отпад. Индивидуалните куќи бесплатно ќе добијат по канти од 120 л за селеткиран отпад, додека  за станбените единици ќе се изградат рециклирачки дворови со повеќе контејнери.

Ги згрижуваме бездомните кучиња во стационар

Отвораме стационар  кој  ќе води сметка за згрижување и соодветен здравствен третман на кучињата бездомници,  но ќе придонесе и за зголемување на нивото на безбедност од агресивни кучиња кои без соодветна грижа можат да бидат опасност за граѓаните. При грижувањето ќе бидат запазени меѓународните стандарди за заштита на животните, а ќе се поттикнува вдомување на тие кучиња.