Живот во Струга

за сите!
Програма

Регионална , модерна , санитарна депонија со рециклажа, за здрава животна средина

Итно го решаваме проблемот со депонијата која претставува вистинска еколошка бомба. Пристапуваме кон изградба на регионална, модерна, санитарна депонија со рециклажа, во која ќе бидат опфатени општини од југо-западниот плански регион, а во Струга ќе биде изградена и транспортна станица според сите модерни и еколошки стандарди.

Градиме по план, функционална водоводна и канализациска мрежа за сите

Го решаваме долгогодишниот проблем со рестрикциите на вода. Ќе обезбедиме приклучоци до сите домаќинства на реконстриураната водоводна мрежа со што ќе се подобри квалитетот на водоснабдувањето. Паралелно, ќе спроведеме доизградба на канализационата мрежа и ќе ставиме крај на употребата на септичките јами.

Го унапредуваме спортот, го реконстриураме градскиот базен и им го враќаме на граѓаните

Комплетно ќе го реконстриураме градскиот базен што сега е во катастрофална состојба. Го враќаме препознатливиот спортски објект кој повторно ќе биде главна атракција за младите и место каде  ќе се постигнуваат врвни спортски резултати.

Реконструкција на градскиот пазар, го поттикнуваме локалниот економски раст

Наместо досегашниот неуреден и дотраен пазар, Струга ќе добие целосно реконстриуран модерен и функционален градски пазар, со што ќе се подобрат условите за работа, ќе се зголеми безбедноста на храната и ќе се поттикне локалниот економски развој.

Повеќе паркиралиштата, за слободни и проодни улици

Ги ослободуваме улиците од сообраќајниот метеж со изградба на нова катна гаража во градот.