Живот во Старо Нагоричане

за сите!
Програма

ГРАДИМЕ ПО ПЛАН

ИНФРАСТРУКТУРА ЗА СИТЕ

Ја приспособуваме целата постоечка урбана и рурална инфраструктура да биде во функција на потребите на граѓаните. Градиме одговорно, квалитетно и домаќински, за секој граѓанин да добие решение кое ќе му го подобри животот во неговата средина. Новите локални власти носат планови и проекти  за патишта, улици, канализации, водоводи, градинки, училишта, спортски терени и гасна мрежа. Ги намалуваме разликите помеѓу градските и селските средини. Градиме по план, обезбедуваме инфраструктура за сите.

ЧИСТА ВОДА И ЧИСТ ВОЗДУХ

ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ

Обезбедуваме чиста и здрава вода за пиење и чист воздух, зашто тие се клучни за здравје и за живот. За нас ништо не е поважно од здравјето на луѓето. Граѓаните се јасни и сериозни во своите барања, а ние одговорно го слушаме и го разбираме крикот за чиста животна средина. Создадовме план и проекти за зголемен капацитет и за професионална услуга на јавните комунални претпијатија, преку намалени трошоци за граѓаните.

Се обврзавме постојано и навремено да ги чистиме депониите и каналите, да вложуваме во колекторски системи, пречистителни станици, регионални фабрики за третман на цврстиот комунален отпад и во енергетски ефикасни објекти. Обезбедуваме услови за здрав живот за сите.

ПОВЕЌЕ ПАРИ КАЈ ГРАЃАНИТЕ

МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ

Ја активиравме спиралата на покачување на платите. Носиме директна поддршка за домашните фирми, пред се за малите и средните претпријатија. Обезбедуваме еднакви услови и за странските инвеститори. Вложуваме во младите, отвораме бизнис хабови, ги здружуваме бизнисите, општината и граѓаните, со единствена цел – нови и подобро платени работни места. Обезбедуваме повеќе пари за општините, а со тоа и повеќе можности и повеќе пари за секој граѓанин на локално ниво.

Ја вклучуваме бизнис заедницата во дефинирање на приоритетите на општината и воведуваме бизнис форуми како редовна активност за проектирање и следење на локалниот економски развој. Активностите на сите се важни, а посветената и одговорна работа ги носи парите директно кај граѓаните.

ОТВОРЕНА И УСЛУЖНА

ОПШТИНА ЗА СИТЕ

Ја отвораме локалната самоуправа за да може секој граѓанин да добие навремени, квалитетни и евтини услуги. Граѓаните ќе ги добијат сите потребни услуги на едно место, и од органите на локалната, и од органите на централната власт. Воведуваме електронски систем на услуги и мобилни канцеларии кои ќе нудат услуга во секое село. Ги вклучуваме граѓаните во креирањето на буџетот, во носењето одлуки и во контролата на власта. Воведувзме строго  наменско, транспарентно, домаќинско и одговорно користење на буџетските средства, преку редовно известување за сработеното.

Ја враќаме моќта на месните и урбаните заедници, ги опремуваме со технички услови и го зајакнуваме нивниот правен статус. Обезбедуваме ефикасен јавен превоз, пријатни детски градинки, чисти и загреани училишта. Обезбедуваме поддршка и помош за најзагрозените семејства и за лицата со посебни потреби. Гарантираме признавање и препознавање на сите демократски механизми како петиции, претставки, референдуми и други граѓански иницијативи. Воведуваме нов модел на отворена и услужна локална самоуправа, општина за сите.