Живот во Сопиште

за сите!
Програма

Вода за сите, градиме сиситем за водоснабдување

Градиме систем за водоснабдување на населените места во Општина Сопиште од Патишка река во должина од 21 км со што трајно го решаваме проблемот на граѓаните со водоснабдувањето.

Функционална фекална канализација, за здрава животна средина

Ставаме крај на употребата на септички јами преку изградба на фекална канализациска мрежа од 25 км за населените места во општината кои што не се опфатени со постоечката канализација.

Градиме по план, нова детска градинка во Сопиште

Градиме модерна, функционална градинка за децата од општината и го решаваме проблемот на родителите кои своите деца ги запишуваат во градинки во други општини.

Здравје за сите, нови услуги во Здравствениот дом и реконструирана амбуланта во Јаболце

Во соработка надлежните институции, ќе воведеме специјалистички прегледи и лабораториски анализи што ќе се прават во склоп на  Здравствениот дом во општина.