Живот во Скопје

за сите!
Програма

Скопје – град без смог, за чист воздух за сите

Целосно се посветуваме на решавање на проблемот со високата концентрација на ПМ честитките во воздухот во Скопје. Воведуваме принцип на задолжително надоместување на изгубеното зеленило заради изградба на објекти. Во соработка со општините, ги обрзуваме инвеститорите да го надоместат изгубеното зеленило на парцелите на кои што започнале градби и да посадат соодветен број на садници. Инвестираме во градење зелени ѕидови од вертикално зеленило, зелени кровови и поставување на прочистувачи на воздухот на неколку локации. Постојаното зеленило ќе се заштити со поставување на нови заштитни гранични линии на парковите и парк-шумите зад кои нема да смее да се гради.

Гасификација и чиста енергија, за здрава животна средина

За здрава животна околина, за пониски трошоци и за економски развој на Градот ќе обезбедиме гас до секој јавен и приватен објект во Скопје. Ќе ја доизградиме примарната гасоводна мрежа во западниот дел на градот, ќе изградиме секундарна гасоводна мрежа приоритетно за населбите од градот кои не се поврзани на централниот топлификациски систем. Ќе стимулираме и субвенционираме поставување на фотоволтаични сончеви панели за производство на електрична енергија и вградување на геотермални топлински пумпи за индивидуални и колективни станбени објекти.

 Градиме по план, модерни сообраќајни решенија, за поефикасен и побезбеден сообраќај

 Вложуваме во проектот Скопје вело-град и ги градиме незапочнатите рути од Кисела Вода кон Карпош и Ѓорче Петров, од една и од Бутел, низ Чаир до Центар од друга страна. Градскиот сообраќаен метеж го решаваме со продолжување на булевар Свети Климент Охридски со мост преку Вардар и тунел под Скопско Кале и поврзување со булевар Никола Карев, како и преку проширување на булевар Никола Карев и Александар Македонски. Ја унапредуваме патната сигнализација и воведуваме комбиниран јавен превоз.

Вложуваме во канализациони мрежи и централна пречистителна станица

Плански и темелно, во соработка со општините ја доградуваме канализационата мрежа. Заедно изнаоѓаме системски и долготрајни решенија за овиe проблеми да бидат минато. Го решаваме третманот со отпадните води преку интегрално решение со колекторски систем за собирање на отпадни води и нивно пречистување во вода од втора категорија.

 Го поттикнуваме економскиот развој, ја унапредуваме општествената одговорност

 Преку проектот „Центар за отпочнување и развој на бизниси“, градот ќе понуди современи услови за работа по принципот на самовработување, на младите и невработени граѓани од Скопје.  Дополонително, ги поддржуваме компаниите со програми за општествена одговорност. Ги ослободуваме процесите од непотребни и неодржливи донации и ги насочуваме кон претходно утврдени листи на корисни проекти кои чекаат изведба и финансирање и им даваме можност на фирмите преку помагање на градот да градат општествена одговорност.