Живот во Шуто Оризари

за сите!
Програма

Фунцкионална фекална и атмосферска канализација за сите

Ќе се реконструира целата мрежа на фекална и атмосферска канализација во Шуто Оризари, со што ќе се спречи и поплавувањето при секој пообилен дожд на граѓаните кои живеат во долниот дел од општината.

Асфалтирање на сите главни и споредни улици и изградба на нова катна гаража

Ќе ги асфалтираме сите главни и споредни улици. Ќе изградиме нова пешачка патека и патека за велосипеди долж целата главна улица “Шуто Оризари/Индира Ганди”. Ќе ја прошириме главната улица за да го решиме проблематичното „тесно сообраќајно грло” во центарот на општината. Ќе изградиме нова современа четирикатна гаража со што ќе бидат ослободени тротоарите од сегашните паркирани возила и ќе се зголеми безбедноста на движењето на пешаците и купувачите од пазарот.

Градиме по план, социјални станови во Шуто Оризари

Во соработка со Владата на Република Македонија, општина Шуто Оризари ќе изгради петкатна зграда со социјални станови кои ќе бидат доделени на ранливите социјални групи, односно на лицата кои немаат свои домови и живеат во супстандарни услови.

Повеќе зеленило за сите

Ги зголемуваме зелените површини и ја унапредуваме грижата и заштита за засадените дрвја, од страна на ангажирани лица кои ќе се грижат за зеленилото, јавната чистота и екологијата во Шуто Оризари.

Нов Културен центар

Градиме целосно нов Културен центар што ќе биде спој на сите елементи на ромската култура. Културниот центар ќе биде место во кое свој простор ќе имаат фолклорните друштва, аматерските театри, ромскиот хор, а предвидена е и голема сцена со капацитет од 500 седишта.