Живот во Штип

за сите!
Програма

Парите назад кај граѓаните, ја намалуваме цената на водата

Ќе започнеме со користење на вода од ХС „Злетовица” со што ќе обезбедиме доволни количини на вода за сегашните и идните потреби на градот. Според пресметките, со користење на вода од ХС „Злетовица” ќе се создадат услови за намалување на цената на водата за  10%.

Гасификација на општината за помали трошоци и почист воздух за сите

За здрава животна околина, за пониски трошоци и за економски развој на општината ќе обезбедиме гас до секое училиште, амбуланта, детска градинка, институција, до фирмите и до секое домаќинство во Штип.

Повеќе паркиралиштата, за слободни и проодни улици

Ги ослободуваме улиците од сообраќајниот метеж со изградба на две надземни катни гаражи, една во центарот на градот и една во населба Сењак.

Градиме по план, акумулација на Отиња за поквалитетно водоснабдување

Ја спроведуваме повеќедецениската потреба на грѓаните за изградба на брана на река Отиња. Акумулацијата што ќе се формира со градбата на браната ќе овозможи рекреација за граѓаните, еколошки гарантирано протекување и квалитетно водоснабдување со технолошка вода за наводнувањето на зеленилото во градот.

Го развиваме спортот, изградба на СРЦ „Суитлак”

СРЦ „Суитлак“ ќе се протега од паркот К’ртеке до викенд населбата Суитлак. Со изградбата на повеќенаменски спортски игралишта, аква парк за најмладите, затворен базен и нова велосипедска патека, на падините на Суитлак ќе ги споиме природата, спортот и рекреацијата на едно место, надвор од градскиот метеж.