Живот во Росоман

за сите!
Програма

Градиме по план, Нова канализациона мрежа во Росоман

Ја надградуваме прошируваме и реконстриураме постојната канализациона мрежа во Росоман, за здрава животна средина за сите.

Можности за сите, градиме современ откупно- дистрибутивен центар

Градиме современ откупно-дистрибутивен центар, за откуп на земјоделски производи, со ладилник и пазар на големо со комплетно решена инфраструктура со што се отвораат нови можности за сите.

Реконструкција на мостот на Црна Река – с. Трстеник, за поврзана општина

Го реконстрираме дотраениот и несигурен мост преку кој се одвива целата сообраќајна комуникација на жителите од с. Трстеник и е главна врска со општинскиот центар и со Кавадарци.

Ја подобруваме јавната чистота, за здрава живтона средина за сите

Инвестираме во набавка на нови возила за собирање смет и ќе извршиме целосна санација и реконструкција на патот до депонијата. Депонијата ќе биде заградена со тенка челична жица за да се спречи ширење на сметот.