Живот во Ресен

за сите!
Програма

Ја менуваме водоводната мрежа, за здрава и чиста вода за пиење

Ја менуваме водоводната мрежа од азбестни цевки во должина од од 9,5 km, а парелелно  изведуваме нови бушотини и бунари со цел да обезбедиме на нови количини на вода за потребите на граѓаните.

Го решаваме проблемот со атмосферската канализација во Ресен, за здрава животна средина

Преку интервенции ќе направиме функционална атмосферска канализација во Ресен со што ќе се спречи поплавување на улиците.

Повеќе паркиралишта за слободни и проодни улици во Ресен и туристичките места

Ги ослободуваме улиците од сообраќајниот метеж особено во туристичката сезона со обезбедување на дополнителни паркинг места.

Обезбедуваме канализација за сите селски населби

Градиме функционална канализациона мрежа со што ставаме крај на употребата на септички јами во селските населби во Општината.