Живот во Радовиш

за сите!
Програма

Гасификација на општината за помали трошоци и почист воздух за сите

За здрава животна околина, за пониски трошоци и за економски развој на општината ќе обезбедиме гас до секое училиште, амбуланта, детска градинка, институција, до фирмите и до секое домаќинство во Радовиш.

Градиме нова функционална водоводна мрежа, вода за сите

Го решаваме долгогодишниот проблем со водоснабдувањето. Ќе обезбедиме приклучоци до сите домаќинства на реконстриураната водоводна мрежа со што ќе се подобри квалитетот на водоснабдувањето.

Изработка на ГУП и ДУП на Град Радовиш и сите населени места и викенд населби

Со довршување и правилна урбанизација во општина Радовиш, со изготвување на ГУП и ДУП за населените места и викенд населби во Општина Радовиш, ќе се решат елементарните услови и загарантирани права за градење и приватен имот.

Повеќе паркиралишта за слободни и проодни улици

Ги ослободуваме улиците од сообраќајниот метеж со изградба на катна гаража во централното градско подрачје.