Живот во Пробиштип

за сите!
Програма

Изградба на колекторски системи за прифаќање на отпадните води, за здрава животна средина

Градиме колекторски системи за третман на отпадните води,  кои сега непреработени се испуштаат надвор од населените места, со што ќе го запреме загадувањето на водотеците, подземните води и почвата.

Гасификација на општината за помали трошоци и почист воздух за сите

За здрава животна околина, за пониски трошоци и за економски развој на општината ќе обезбедиме гас до секое училиште, амбуланта, детска градинка, институција, до фирмите и до секое домаќинство во Пробиштип.

Градиме по план, модерни патишта за ефикасен и безбеден сообраќај

Придонесуваме за сигурен и ефикасен транспорт во општината. Ќе инвестираме во реконструкција и изградба на нови локални и регионални патишта за поврзана општина и за ефикасен и безбеден сообраќај за сите.