Живот во Прилеп

за сите!
Програма

Гасификација на Прилеп, за чист воздух и за пониски трошоци

За поспокоен живот на граѓаните, за здрава животна средина и економски развој на општината ќе донесеме гас до секое училиште, амбуланта, детска градинка, спортска сала, до индустриските објекти и фирми и до секое домаќинство во Прилеп.

Реконструкција на сите главни улици во Прилеп

Почнуваме со темелна и квалитетна реконструкција на уличната мрежа во градот. Прилепчани ќе добијат современи улици и тротоари.

Ја намалуваме сметката за вода за 20%

Кратиме трошоци, граѓаните редовно ќе се снабдуваат со квалитетна вода, за пониска цена.

Локален економски развој и нови работни места

Во рамките на единицата на локална самоуправа ќе оформиме нов сектор кој ќе биде задолжен за евидентирање, администрирање и мапирање на локации кои се потенцијален извор на суровини и кој ќе работи на услови за креирање нови работни места, меѓудругото и преку воспоставување директна комуникација помеѓу работодавачите и невработените лица.

Нов здравствен спортско-рекреативен центар со затворен базен

Градиме нов здравствен спортско-рекреативен центар со затворен базен, фитнес сала, сала за гимнастика и дел наменет за хидротерапија  за лица кои имаат функционални искривувања на рбетот, за санирање спортски повреди, како и дел наменет за физио терапевтски третмани и корективна гимнастика.

Преземаме мерки за чист и еколошки Прилеп

За чист град и здрава животна околина обезбедуваме нови возила за собирање на смет и чистење на градските улици, расчистување  на дивите депонии, пошумување на ридовите и планините околу градот, инсталирање на мерни станици за контрола на квалитетот на  воздух, поставување на подземни контењери во централното градско подрачје, изградба на фабрика за рециклирање на неорганскиот отпад, градежен шут и хаварисани возила.