Живот во Пласница

за сите!
Програма

Градиме нова функционална водоводна мрежа

Го решаваме долгогодишниот проблем со снабдувањето со вода. Ќе обезбедиме приклучоци до сите домаќинства на реконстриураната водоводна мрежа со што ќе се подобри квалитетот на водоснабдувањето.

Градиме по план, модерни патишта за ефикасен и безбеден сообраќај

Придонесуваме за сигурен и ефикасен транспорт во општината. Ќе инвестираме во реконструкција и изградба на нови локални и регионални патишта за поврзана општина и за ефикасен и безбеден сообраќај за сите.

Функционална канализациска мрежа, за здрава животна средина за сите

Ставаме крај на употребата на септичките јами и градиме комплетна фекална и атмосферска  канализациска мрежа со што ја заштитуваме животната средина и го олеснуваме животот на граѓните.