Живот во Петровец

за сите!
Програма

Гасификација на Петровец за помали трошоци и почист воздух за сите

За здрава животна околина, за пониски трошоци и за економски развој на општината ќе обезбедиме гас до секое училиште, амбуланта, детска градинка, институција, до фирмите и до секое домаќинство во Петровец.

Функционална водоводна и канализациска мрежа за здрава животна средина

Го решаваме долгогодишниот проблем со водоснабдувањето и недостигот на канализациона мрежа. Ќе ставиме крај на употребата на септички јами со што ќе обезбедиме здрава животна средина.

Градиме пешачки патеки од двете страни на регионалниот пат Р103, за безбеден сообраќај

Градиме пешачки патеки на регионалниот пат Р103 од влезот на територијата на Општина Петровец  до излезот на населеното место Р’жаничино од девте на страни на патот, со што ќе обебзедиме поголема сообраќајна безбедност на најфрекфентниот пат во Општина Петровец.