Живот во Пехчево

за сите!
Програма

Градиме нова функционална водоводна мрежа

Го решаваме долгогодишниот проблем со снабдувањето со вода. Ќе обезбедиме приклучоци до сите домаќинства на реконстриураната водоводна мрежа со што ќе се подобри квалитетот на водоснабдувањето.

Градиме по план, модерни патишта за ефикасен и безбеден сообраќај

Придонесуваме за сигурен и ефикасен транспорт во општината. Ќе инвестираме во реконструкција и изградба на нови локални и регионални патишта за поврзана општина и за ефикасен и безбеден сообраќај за сите.

Изградба на нов градски пазар, го поттикнуваме локалниот економски раст

Наместо досегашниот неуреден и дотраен пазар, Пехчево ќе добие нов модерен функционален покриен градски пазар со што ќе се подобрат условите за работа, ќе се зголеми безбедноста на храната и ќе се поттикне локалниот економски развој.

Повеќе паркиралиштата, за слободни и проодни улици

Ги ослободуваме улиците од сообраќајниот метеж со изградба на комплекс гаражи во централното градско подрачје.