Живот во Охрид

за сите!
Програма

Градиме квалитетна и функционална водоводна и канализациона мрежа

Ги решаваме долгогодишните проблеми со намален притисок и прекини во водоснабдувањето. Обезбедуваме вода за пиење до секое домаќинство и постојан притисок во тек на целата година, ефикасни системи за наводнување, организирано собирање на комунален отпад и изградба на функционална канализациона мрежа во оние населени места каде што недостасува.

Гасификација на Охрид, за почист воздух и за пониски трошоци

За здрава животна околина, пониски трошоци и економски развој на општината ќе донесеме гас до секое училиште, амбуланта, детска градинка, институција, до фирмите и до секое домаќинство во Охрид.

Санација и доизградба на колекторскиот систем

За еколошка заштита на Охридското езеро веднаш ќе започнеме санација и ревитализација на постојниот колекторски систем и доизградба на нова мрежа и пречистителни станици, за да се подобри функционалноста на колекторскиот систем.

Градиме по план, четири нови училишни спортски сали

За правилен раст и развој на учениците и можности за спортување, градиме нови училишни спортски сали во училиштата „Кочо Рацин“,„Братсво-Единство“ – Лескајца, „Ванчо Николески“ и „Ванчо Питошески“.

Создаваме стратегија „Сите заедно за Охрид“ за развој на градот во европски културен центар

Стратегијата за развој на град Охрид до 2023 година, прецизно ќе го дефинира патот за негов долгорочен одржлив развој и за позиционирање на нашиот град на мапата на европски и светски културни центри и градови на езера.