Живот во Ново Село

за сите!
Програма

Вода за сите, градиме нова функционална водоводна мрежа

Го решаваме долгогодишниот проблем со недостигот на вода. Со изградба на нови водоводни мрежи и нови филтер станици го подобруваме квалитетот на водоснабдувањето во сите населени места.

Изградба и доизградба на канализациска мрежа, за здрава живoтна средина

Градиме пречистителна станица, нови канализациски мрежи и ги реконструираме постојните, за подобар квалитет на живот и здрава животна средина.

Здравје за сите, обезбедуваме примарна здравствена заштита на сите граѓани во општината

Обезбедуваме квалитетна примарна здравствена заштита за сите граѓани преку реактивирање на амбуланти во сите населени места, ставање во функција на дежурна служба, враќање на гинеколошка-акушерска амбуланта и отворање на аптеки во сите населени места каде што има амбуланти.

Формираме противпожарна единица за бебзедна општина

Противпожарното одделение ќе стане противпожарна единица опремена со ново возило и нова придружна опрема со што ќе се зголеми степенот на противпожарната заштита и ќе се зголеми безбедноста на сите граѓани во општината.

Го развиваме селскиот и еко туризам, го поттикнуваме локалниот економски развој

Заедно со граѓаните, угостителите, граѓанските здруженија и приватниот сектор, ќе работиме на промоција и унапредување на алтернативниот туризам во општината, и зголемување на сместувачките капацитети, со што ќе се зголеми бројот на туристи и ќе се поттикне локалниот економски развој.