Живот во Новаци

за сите!
Програма

Обезбедуваме топли домови со спроведување на проект за топлификација на Новаци

Предвидуваме реализација на проект за топлификација на општина Новаци и искористување на близината од 2км и потенцијалотна што РЕК Битола го поседува. За таа цел ќе изградиме топлотна станица, од којашто ќе се прошират краци кон другите населени места, кон Добромири и Рибарци.

Непрекинато водоснабдување за земјоделските површини

Ќе обезбедиме непрекинато снабдување на вода за наводнување на земјоделските површини со дотур на техничка вода од системот „Стрежево“ до населените места Рибарци, Новаци, Добромири Горно и Долно Агларци и Дабеговци.

Обезбедуваме здравствена заштита на граѓаните од општина Новаци со нова амбуланта

Со реконструкција на веќепостоечки објект во село Бач и во соработка со централната власт ќе ги обезбедиме сите услови за отворање на нова амбуланта која ќе ги опслужува граѓаните од населените места Бач,Живојно, Скочивир, Брод, Доброени и Гермијан со навремени и квалитетни здравствени услуги.

За забава и рекреација на младите и развој на туризмот, градиме аквапарк со богати содржини

Градиме нов аквапарк кој ќе изобилува со богати забавни содржини, базен за деца, базен со топогани за возрасни, атркативни лизгалки, шанкови на вода, туш кабини, ресторан, кафе-барови.