Живот во Неготино

за сите!
Програма

Градиме нова функционална водоводна мрежа

Го решаваме долгогодишниот проблем со рестрикциите на вода. Ќе обезбедиме приклучоци до сите домаќинства на реконстриураната водоводна мрежа со што ќе се подобри квалитетот на водоснабдувањето.

Градиме по план, енергетски ефикасно Неготино

Општинските простории, јавните установи и зградите добиваат нови енергетски ефикасни фасади со што ќе се зголемат заштедите, а ќе се намалат трошоците и емитирањето на штетните гасови.

Патна инфрструктура за секое населено место, за поврзана општина

Ќе обезбедиме изградба на 15 километри нови патишта до секое населено место во општината, со што ќе се создадат услови за побрз, поефикасен и побезбеден сообраќај.

Изградба на нов градски пазар, го поттикнуваме локалниот економски раст

Наместо досегашниот руиниран и дотраен пазар, Неготино ќе добие нов модерен функционален градски пазар со што ќе се подобрат условите за работа, ќе се зголеми безбедноста на храната и ќе се поттикне локалниот економски развој.

Катни гаражи за слободни улици

Ги ослободуваме улиците од сообраќајниот метеж со изградба на најмалку две катни гаражи во централното градско подрачје.