Живот во Могила

за сите!
Програма

Градиме по план, патна инфраструктура за сите

За поефикасен и побезбеден сообраќај, градиме клучка кај населеното место Вашерејца со која ќе обезбедиме вклучување на регионалниот пат Битола – Прилеп, и поврзуваме две соседни општини, преку изградба на патот Добрушево – Канатларци.

Функционална канализациона мрежа за здрава животна средина

Пристапуваме кон доизградба на канализациона мрежа во с.Могила и изградба на атмосферска и фекална  канализација  во населените места Ивањевци и Добрушево со што ќе ја заштитиме животната средина .

Го поттикнуваме економскиот развој, отворање на преработувачки капацитет во с.Добрушево

Помагаме во отворање и пренамена на дел од просториите за преработувачки капацитет во домот на културата во Добрушево. Тоа би значело општ бенефит за сите земјоделци, како и можност за користење на просториите како склад или магацин, почнувајќи од житни култури, па до градинарски култури.

Младински културен центар, за младите да останат тука

Отстапуваме просторија во општинската зграда во Могила, со цел да се оформи културен центар во кој ќе се собираат младите од целата општина и активно ќе учествуваат во размената на идеи и проекти за доброто на целата општина.