Живот во Маврово и Ростуша

за сите!
Програма

Реконтрукција и проширување на локалниот пат Ростушки мост – Полициска станица

Со реконструкција го прошируваме локалниот пат Ростушки мост – Полициска станица и обезбедуваме сигурност и безбедност во сообраќајот за граѓаните и туристите кои патуваат во овој правец кон туристичките локации.

Изградба на катна гаража во Скудриње

Граѓаните од населеното место Скудриње ќе добијат нова катна гаража којашто ќе биде изградена на слободниот простор на самиот влез на Скудриње со што го решаваме проблемот од недостаток на паркинг места во овој дел од општина Маврово и Ростуша.

Обезбедуваме чистата и здрава вода да биде достапна за граѓаните Церево, Врбен, Ново село, Сретково

Градиме нови водоводни мрежи во населеното место Церево, а ќе извршиме каптирање на изворите во Врбен, Ново село и Сретково и преку доводен цевковод и ќе ја направиме изворската чиста вода достапна до секој дом.