Живот во Лозово

за сите!
Програма

Ги згрижуваме децата од претшколска возраст во нова градинка

Градиме нова градинка во која овозможуваме згрижување и воспитување на децата од претшколска возраст и го решаваме проблемот со недостаток на слободни места за згрижување на децата.

Го развиваме локалниот туризам со реконструкција и урбанизирање на браната Ѓузимелци

Овозможуваме урбанизација и реконструкција на крајбрежниот дел од браната Ѓузимелци со создавање услови за развој на локален туризам и услови за релаксација и одмор на нашите сограѓани во природните убавини што ги поседува овој наш крај.

Овозможуваме чиста и здравата вода да биде достапна за сите

Градиме секундарна водоводна мрежа и овозможуваме здравата и чиста вода да биде достапна до секое домаќинство и до секој граѓанин во Лозово.

Создаваме услови за одмор и релаксација на нашите сограѓани, градиме нов парк

На барање на граѓаните градиме нов урбан парк во Нова населба и создаваме зелено катче каде што ќе можат да се дружат со своите деца, да се релаксираат во зеленилото и содржините што ќе ги нуди овој парк.