Живот во Куманово

за сите!
Програма

Вода за сите преку изградба на нов цевковод Куманово – Липково

Го решаваме проблемот со недостаток на вода во летниот период преку капитална изградба на нов цевковод Куманово – Липково во должина од 18.4 километри. Со овој проект обезбедуваме сигурен доток на вода до филтер станицата во Куманово од дополнителни 500 литри/секунда.

Комплетна гасификација на Куманово, за почист воздух и за пониски трошоци

За здрава животна околина, за пониски трошоци и за економски развој на општината ќе донесеме гас до секое училиште, амбуланта, детска градинка, институција, до фирмите и до секое домаќинство во Куманово.

Ја дислоциаме депонијата и ефикасно го менаџираме отпадот

Со помош на средства од ИПА ќе изградиме прва меѓурегионална депонија којашто ќе ги следи европските стандарди и ќе ги опфаќа северо-источниот и источниот плански регион.

Го намалуваме сообраќајниот метеж со изградба на современи катни гаражи

Ги ослободуваме улиците од сообраќајниот метеж со изградба на нови монтажни паркинг гаражи на повеќе локации во Куманово.

Нов Младински културен центар – Карпошова куќа

Градиме нов Младински културен центар кајшто младите ќе  ја развиваат својата креативност, ќе организираат концерти, изложби, јавни настани и дебати.