Живот во Крушево

за сите!
Програма

Градиме нова функционална водоводна мрежа, вода за сите

Го решаваме долгогодишниот проблем со рестрикциите на вода. Ќе обезбедиме приклучоци до сите домаќинства на реконстриурана водоводна мрежа со што ќе се подобри квалитетот на водоснабдувањето.

Изградба на вештачки акумулации, им помагаме на земјоделците

Изградбата на вештачка акумулација Камберица и реконструкцијата на постојните вештачки акумулации Борино 1 и Борино 2 ќе овозможат квалитетно водоснабдување за земјоделските површини со што ќе се зголеми приносот на обработливите земјоделски површини.

Асфалтирани улици за брз, безбеден и ефикасен сообраќај

Го решаваме деценискиот проблем со неасфалтираните улици низ целата општина а приоритет ќе бидат улиците во руралните населени места.

Градиме по план, канализациска мрежа во Алдинци и Норово

Ставаме крај на употребата на септичките јами и градиме комплетна канализациска мрежа во Норово и Алдинци.

Ги задржуваме младите тука, Младински културен центатр во горната училишна зграда

Со реконструкцијата и пренамената на старата училишна зграда ќе се обезбеди потребниот простор за делување на невладини организации и здруженија на граѓани, спортски здруженија, просторија за лицата со посебни потреби, како и просторија за изведба на театарски претстави и други манифестации.