Живот во Кривогаштани

за сите!
Програма

Градиме фабрика за рециклирање и преработка на отпад овозможуваме здрава животна околина

Ги заштитуваме земјоделските површини од понатамошно загадување со отпадот и дивите депонии преку изградба на фабрика за рециклирање и преработка на отпадот. Оваа капитална инвестиција ќе овозможи и отворање на нови работни места но истовремено и унапредување на хигиената и чистотата во нашата општина.

Чиста вода за сите, реконструкција и доградба на водоводната мрежа

Ќе пристпаиме кон реконструкција, доградба и обнова на водоводната мрежа и ќе овозможиме и граѓаните од населените места Обршани, Пашино Рувци, Воѓани и Бела Црква да бидат снабдени со питка, здрава и чиста вода.

Помош за земјоделците со постојано одржување на полските патишта

Во најголем дел граѓаните на Кривогаштани егзистираат од земјоделска дејност и од тие причини се обврзуваме на постојано одржување и чистење на полските патишта, посебно во зимските денови ќе работиме на расчистување на снегот со што обезбедуваме лесен и брз пристап на земјоделците до обработливите површини во секое годишно доба.

Градиме нов мост на Црна Река

Еден од најкористените мостови во општината секојдневно претставува опасност за сите граѓани кои работат на своите ниви и имаат потреба да поминуваат преку реката заради тоа што не ги исполнува стандардите за премин на моторни возила. Го решаваме овој проблем и градиме  нов мост на Црна Река.