Живот во Крива Паланка

за сите!
Програма

Гасификација на Крива Палнка за помали трошоци и почист воздух за сите

За здрава животна околина, за пониски трошоци и за економски развој на општината ќе обезбедиме гас до секое училиште, амбуланта, детска градинка, институција, до фирмите и до секое домаќинство во Крива Паланка.

Дислокација на депонијата за здрава животна средина

Дислокацијата на насобрнаиот отпад од градската депонија и неговото правилно уништување го решава огромниот проблем на граѓаните на Крива Паланка и околните села и истовремено го унапредува квалитетот на животната средина.

Подземна сообраќајница и подземен паркинг, за слободни и проодни улици

Ги ослободуваме улиците околу Плоштадот од сообраќајниот метеж со изградба на нова подземна сообраќајница и подземен паркинг простор што ќе се изградат под плоштадот.

Изградба на нов градски пазар, го поттикнуваме локалниот економски развој

Наместо досегашниот руиниран и дотраен пазар, Крива Паланка ќе добие нов модерен функционален градски пазар со што ќе се подобрат условите за работа, ќе се зголеми безбедноста на храната и ќе се поттикне локалниот економски развој.

Нов парк, за повеќе зеленило во градот

Во склоп на градскиот плоштад кој ќе се ослободи од сообраќајниот метеж и ќе стане пешачка зона, ќе се изгради и опреми парк со хортикултурно уредување и придружни елементи со што центарот на градот ќе добие нов модерен лик.