Живот во Конче

за сите!
Програма

Квалитетна вода за сите

Ќе обезбедиме квалитетна вода преку нови бушотини и зафати на вода за Конче, Д. Липовик, Лубница, Габревци, како и реконструкција на водовод  во Г. Липвик.

Чиста општина, здравје за сите

Ќе ја довршиме и оспособиме канализациската мрежа и ќе изградиме атмосферска канализација на главните централни улици во сите населени места. Пошумување и управување со сите диви депонии е еден од приоритетите на кои ќе работиме. Модерна депонија за сортирање и одложување на отпад ќе придонесе за почиста животна средина.

Развој на земјоделството за живот во Конче

Ќе обезбедиме средства за надградба, редовно одржување и чистење на каналите за наводнување за да ги зголемиме приносите и економската благосостојба на населението. Ќе го стимулираме производството на органска храна како европски и светски стандард. Ќе отвориме откупни пунктови за земјоделски производи, шумски плодови и добиток со ваги за мерење што ќе ги користат сите земјоделци, сточари, собирачи на шумски плодови како и сите трговци и откупувачи. Ќе ги тампонираме полските патишта.

Патна инфраструктура за сите

Ќе го изградиме патот Д. Липовик ‒ Рич и ќе ги довршиме сите улици со потребните краци за асфалтирање. Ќе обезбедиме патно поврзување на селата Скоруша, Загорци, Гарван и Д. Радеш.

Живот во „Еко општина Конче“

Ќе ги замениме постојните светлосни тела (светилки) со ЛЕД-осветлување и ќе поставиме фотоволтаични панели за производство на електрична енергија. Ќе изградиме соларна централа (сончево поле) со фотоволтаични панели за производство на електрична енергија со поголем капацитет, комбинирана со централа за биомаса.