Живот во Кочани

за сите!
Програма

Гасификација на општината, за помали трошоци и почист воздух за сите

За здрава животна околина, за пониски трошоци и за економски развој на општината ќе донесеме гас до секое училиште, амбуланта, детска градинка, институција, до фирмите и до секое домаќинство во Кочани.

Асфалтирање на сите улици, за безбеден и ефикасен сообраќај за сите

Преку сообраќаен проект кој ќе опфаќа асфалтирање на сите улици во градот, населените места и рамничарските села, изградба на кружни текови на неколку локации во градот и изградба на катни гаражи,  ќе понудиме нов начин на регулирање на патниот сообраќај за ефикасен и безбеден сообраќај во Кочани.

Вода за сите преку нова реконструирана водоводна мрежа

Ќе извршиме целосна замена на старата секундарна водоводна мрежа и замена на азбестните цевки за пренос на вода до домаќинствата, со што ќе се подобри квалитетот на  водата  и ќе се стави крај на рестрикциите во летните месеци.

Градиме две нови градинки

Ќе ги зголемиме капацитетите на веќе постоечките и ќе изградиме две нови градинки, една во Кочани и една во село Тркање.

Изградба на старечки дом, за мирен живот за нашите возрасни сограѓани

Во соработка со централната власт ќе го изградиме и пуштиме во употреба старечкиот дом со што ќе го надминеме проблемот со недостиг на сместувачки капацитет за старите лица, не само во Кочани туку и во соседните градови.