Живот во Кисела Вода

за сите!
Програма

Здравје за сите, функционална поликлиника во Драчево и изградба на нова во Расадник

Во соработка со централната власт, во функција ќе бидат ставени сите оддели во поликлиниката во Драчево, а во населбата Расадник ќе биде изградена нова поликлиника.

Гасификација на општината за помали трошоци и почист воздух за сите

За здрава животна околина, за пониски трошоци и за економски развој на општината ќе обезбедиме гас до секое училиште, амбуланта, детска градинка, институција, до фирмите и до секое домаќинство во Кисела Вода.

Градиме по план, две нови детски градинки

Со двете нови модерни градинки во населбите Расадник и Драчево, го решаваме долгогодишниот проблем со преполните градинки во општината.

Функционална атмосферска и фекална канализација во Припор за здрава животна средина

Се решава еден од најголемите проблеми со запуштената и нефункционална канализациска мрежа што ја загадува околината и е закана по здравјето на граѓаните.

Ново, економично и ефикасно улично осветлување за безбеден сообраќај

Со редовното одржување на уличното осветлување, негово редовно сервисирање и поставување на осветлување на местата на кои досега тоа не било случај се зголемува сообраќајната и општата безбедност во општината.