Живот во Кавадарци

за сите!
Програма

Темелна и квалитетна реконструкција на главните сообраќајници и булевари, за сиурен и безбеден сообраќај

Го решаваме проблемот со раскопаните и оштетени улици и булевари. Ќе извршиме реконструкција со квалитетен асфалт на сите главни улици и булевари, како и улиците „Смилица“, „Рајко Жинзифов“, „25 Мај“, „Коле Неделковски (Глишиќ)“, „Глигор Прличев“, „Брегалница“, „Плачковица“, „Црноречка“, „Галишка“, „Кузман Јосифовски Питу“, „Бабуна“, „Калница“, „Клинска“, „Брушанска“ и „Праведничка“.

Нов затворен градски пазар, за подобра локална економија

Градиме нов модерен затворен пазар кој ќе биде во непрекината функција и во текот на летниот и во зимскиот период, согласно барањата и потребите на продавачите и на купувачите.

Комплетна гасификација на Кавадарци, за почист воздух и за пониски трошоци

За здрава животна околина, за пониски трошоци и за економски развој на општината ќе донесеме гас до секое училиште, амбуланта, детска градинка, институција, до фирмите и до секое домаќинство во Кавадарци.

Нова детска градинка за згрижени деца и спокојни родители

Го решаваме проблемот со недостаток на згрижувачки капацитет за чување и воспитување на околу 500 деца од претшколска возраст. Детската градинка ќе биде лоцирана во просториите на новиот суд, кој целосно ќе биде реконструиран и пренаменет за оваа потреба.

Вински пат за развој на локалниот туризам

Го ставаме во функција неискористениот туристички потенцијал на Кавадарци. По примерот на Тоскана во Италија, градиме вински пат во Кавадарци кој ќе го заобиколува градскиот пат и ќе завршува на улица “Дисанска“. Патот ќе располага со атрактивни туристички содржини и ресторани за дегустација на вината од Тиквешијата.