Живот во Карпош

за сите!
Програма

Екопаркинзи за чист Карпош

Градиме плански зелени екопаркинзи на повеќе локации во Карпош. Граѓаните ќе имаат можност бесплатно да ги паркираат своите возила на зелени паркинг-кутии опремени со систем за наводнување “капка по капка” и со сончеви панели, во функција на заштеда на енергија и здрава животна средина.

Со картичката „Мој Карпош“ овозможуваме повеќе пари за граѓаните

На семејните буџети на граѓаните на Карпош им заштедуваме пари преку картичката „Мој Карпош“. Оваа картичка ќе понуди попусти за користење услуги во одредени локали, угостителски објекти, ресторани, кина, библиотеки и други установи во општината.

Рекреативен центар за пензионери и пензионерски дом

Обезбедуваме грижа и достоинствен живот за пензионерите во нов дом за нега во Злокуќани, со богати содржини за социјален живот на старите лица, оплеменет со зеленило и паркови за рекреација.

Нов зелен парк во Карпош 4

Имаме план и проект за нов зелен парк покрај реката Вардар кој ќе се надоврзе на рекреативната зона за спорт. Ќе се простира на површина од 80.000 м2 и ќе биде опремен со содржини за спорт и рекреација за сите граѓани.

Три реонски базени во Карпош

Трите реонски базени ќе бидат соодветно распоредени на територијата на општина Карпош, со цел да ги опфатиме сите урбани заедници. Најмладите, но и сите граѓани од Карпош ќе имаат поволности при користењето на базените.

Старт-ап центри за намалување на младинската невработеност

Во општинските простории ќе развиеме еден од центрите за поддршка на бизниси, кој ќе овозможува бесплатна правна, сметководствена помош и поддршка во областа на маркетингот, за младите кои започнуваат сопствен бизнис.