Живот во Карбинци

за сите!
Програма

Обезбедуваме квалитетна вода и за пиење и за наводнување

По изградбата на пречистителна станица на локација „Висок рид“ градиме и цевководи кон населените места Таринци, Долни Балван и Нов Караорман и цевковод од село Радање до пречистителната станица. Градиме и регионален водоводен систем „Плачковица“ од неискористениот извор на вода во „Црквиште“ за целосно решавање на водоснабдувањето на најсушните места. Градиме брана и акумулација „Баргала“ на Козјачка река за водоснабдување (Карбинци и Штип) и наводнување (Аргулица, Црвулево, Козјак и Радање). Имаме план за подобрување на водоснабдувањето на Црвулево, за изградба на зафат на Аргуличка река, и за реконструкција и доградба на левиот магистрален канал од  ХМС “Брегалница”.

Патна инфраструктура

Плански градиме пристапни патишта до населните места од Плачковичкиот регион: до Калаузлија (0,6 км), Кепекчелија (0,7 км); Јунузлија (0,6 км); Ебеплија (1,8 км), до викенд населба Вртешка (0,8 км) и Курфалија (1,6 км). Градиме пристапна улица во село Карбинци (0,7 км) со мост на Козјачка река и пешачки патеки и осветлување. Ги реконструираме главните улици во населените места на Општина Карбинци. Градиме мост на Козјачка река во село Козјак, локален пат од Долно Трогерци до Горно Трогерци и пристапен пат до манастир Св. Јован Крстител кај Горни Балван.

Уредување на индустриска зона „Карбинци“

Градиме комунална инфраструктура, улици и патишта, поставуваме водоводна инсталација и фекална канализациона мрежа.

Модернизирање на училишта

Градиме нова училишна зграда на ПОУ во Таринци, ги оградуваме и уредуваме училишните дворови во Калаузлија, Прналија, Кучица и Оџалија.

Фекални канализации

Градиме фекална канализација за село Нов Караорман, за село Козјак, во Таринци, Црвулево, Калаузлија, Парналија, Кучица, Оџалија.