Живот во Македонска Каменица

за сите!
Програма

Со нов бизнис центар ја активираме економска активност за локален економски развоја на Македонска Каменица

Ги интегриаме сите услуги потребни во работата на нови микро, мали и средни претпријатија, создаваме услови за отворање на нови фирми со изградба на нов бизнис центар. Во рамките на тој центар, постојаните и потенцијални бизниси ќе добијат работна просторија, правна и сметководствена помош, како и советодавно-техничка помош за искористување на финансиски средства од националните и меѓународни фондови за отпочнување и развој на бизнисот. Овој проект ќе се развива во координација и соработка со институциите на централната власт.

За чиста вода и здрава животна околина вршиме доградба на главниот колектор за прочистување на отпадни води

Го решаваме проблемот со загадените отпадни фекални води кои досега се излеваа во градското подрачје или се слеваа во Каменичка река или езерото Калиманци, со што ја загадуваа животната средина. Ќе работиме на доградба на главниот колектор за отпадни фекални води со план изведбата на истиот да биде надвор од градското подрачје, а во следна фаза ќе работиме и на план за изградба на пречистителна станица.

Ги намалуваме трошоците за енергија преку спроведување на програма за енергетска ефикаснот

Оваа програма ќе предвидува реконструкција и замена на старите фасади на јавните установи со нови енергетско ефикасни како и замена на уличното старо осветлување со ново лед штедливо осветлување. Ги намалуваме трошоците што општината ги плаќа за електрична енергија и за затоплчувањеи со што ќе се ослободиме повеќе пари за потребите на граѓаните.