Живот во Јегуновце

за сите!
Програма

За чиста вода достапна за сите, ги решаваме основните потреби на граѓаните за водовод и канализација

Овозможуваме чистата и здрава вода да биде достапна до секое домаќинство и куќа во општина Јегуновце преку изградба на примарна и секундарна водоводна мрежа, а го решаваме и проблемот со загадување на подземните води преку изградба на фекална канализација на сите локации и места каде што истата недостасува.

Вложуваме во здрав спортски живот, градиме мултифункционална спортска сала

Поттикнуваме развој на спортот со изградба на нова мултифункционална спортска која претставува реална потреба на граѓаните. Младите луѓе и учениците ќе имаат вистинска шанса да спортуваат и да развиваат здрави животни навики. Ќе поддржуваме и поттикнуваме отворање на нови спортски клубови.

Градиме по план, квалитетна инфраструктура која го поврзува Јегуновце со околните населени места

Во соработка со централната власт ќе ги обновиме регионалните патишта од Јегуновце до Желино  во должина од 17 км,  од Лешок до Шемшово во должина од 5 км, од Пршовце до Јегуновце во должина од 5км, а ќе и изградиме и локални патишта на следниве релации Туденце- Сиричино и од мотел Вратница до Беловиште.