Живот во Илинден

за сите!
Програма

Преземаме мерки за заштита од полави, градиме атмосферска и фекална канализација

Ги заштитуваме домаќинствата, куќите, дворовите и подрумите во Илинден од поплави при секој пообилен врнеж со воведување на фекална и атмосферска канализација.

Се грижиме за најстарите, создаваме услови за згрижување и нега во нов пензионерски дом

Во соработка со централната власт ќе овозможиме создавање на услови за отворање на нов Пензионерски дом кој ќе нуди услови за згрижување и нега на нашите постари сограѓани кои за тоа имаат потреба.

За чист воздух и пониски трошоци обезбедуваме гасификација на Илинден

За поспокоен живот на граѓаните, за здрава животна средина и економски развој на општината ќе овозможиме достапност на гасот како евтин енергенс до секое училиште, амбуланта, детска градинка, претпријатие, спортска сала, и до секое домаќинство во Илинден.

Градиме паркинг за товарни возила

 Ги ослободуваме улиците на општина Илинден од сообраќајниот метеж и гужви што ги предизвикуваат товарни возила кои се паркираа на самите улици и тротоари, за таа цел ќе изградиме паркинг за товарни возила помеѓу зоната Бунарџик и хотелот Белви.