Живот во Градско

за сите!
Програма

Квалитетна вода за сите

Со изведување на нови бушотини и со изградба на пумпни станици ќе овозможиме нови количини на вода кои ќе ги задоволат потребите на граѓаните на општина Градско.

Изградба на терминал-паркинг за тешки товарни возила

Ќе изградиме терминал-паркинг за тешки товарни возила  (до „отпадот“, во Градско). Терминалот ќе придонесе за ослободување паркинг-простор и за нормално одвивање на сообраќајот.

Нов пазар на големо

Го поттикнуваме локалниот економски развој и градиме нов пазар на големо на предвидена локација до воениот магацин,

Изградба на индустриска зона, за повисок животен стандард

Изработуваме урбанистички план и започнуваме со изградба на комунална инфраструктура за индустриската зона во Градско (локација Вировите). Изградбата на индустриска зона и привлекувањето на домашни и странски инвеститори, ќе придонесат за намалување на невработеноста и за зголемување на економскиот развој на општината.

Градиме по план,  го уредуваме централното градско подрачје

Урбано уредување на просторот на централното градско подрачје во општина Градско, преку поставување модерна урбана опрема со којашто општина Градско ќе стане современо урбано место за живеење на сите граѓани.