Живот во Ѓорче Петров

за сите!
Програма

Обезбедуваме гасификација, за чист воздух и за пониски трошоци

За поспокоен живот на граѓаните, за здрава животна средина и за економски развој на општината ќе донесеме гас до секое училиште, амбуланта, детска градинка, спортска сала и до секое домаќинство во Ѓорче Петров.

Градиме по план, нова градинка во Волково и нова амбуланта во Дексикон

Нова современа градинка во Волково ќе ги згрижува децата од претшколска возраст од населените места Волково, Кисела Јабука, Никиштане, Орман и Стопански двор. Здравјето на граѓаните е наш приоритет. Ќе создадеме услови за изградба на модерна и современа амбуланта во Дексикон

Го враќаме корзото во Ѓорче Петров

Старото корзо повторно ќе заживее. Ќе изградиме пешачка зона во паркот и ќе ги збогатиме содржините на малата чаршија во Ѓорче Петров, со нови зелени катчиња и површини, кафе ресторани и мали занаетчиски дуќани.

Повеќе паркиралиштата, слободни улици

Ги ослободуваме улиците од сообраќајниот метеж со изградба на нови монтажни паркинг гаражи и паркинг места на повеќе локации во Ѓорче Петров.