Живот во Гевгелија

за сите!
Програма

Нов водовод, чиста вода и здравје за сите

Ќе продолжиме со изведбата на проектот за изградба на нов водоснабдителен систем со помош на новите бунари кај Вардар, а ќе биде изработен и проект за елиминарање на арсенот од бунарите кај Моин, со што ќе се обезбеди чиста и здрава вода за сите граѓани.

Гасификација на општината за помали трошоци и за почист воздух

За здрава животна околина, за пониски трошоци и за економски развој на општината ќе обезбедиме гас до секое училиште, амбуланта, детска градинка, институција, до фирмите и до секое домаќинство во Гевгелија.

Нови паркови за почист воздух и повеќе зеленило

Уште во првата година, целосно ќе изградиме и опремиме современ градски парк на просторот на поранешниот пазар кој ќе му даде сосема нов лик на центарот на градот, а паралелно ќе се изградат уште неколку помали паркови на различни локации.

Градиме по план, нова детска градинка во Гевгелија

Изградбата на нова детска градинка ќе ги подобри условите и ќе ги зголеми капацитетите за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст.

Повеќе паркиралиштата, за слободни и проодни улици

Ги ослободуваме улиците од сообраќајниот метеж со изградба на нова катна гаража во центарот и со уредување на постоечките паркинг простори.