Живот во Гази Баба

за сите!
Програма

Гасификација на Гази Баба за помали трошоци и почист воздух за сите

За здрава животна околина, за пониски трошоци и за економски развој на општината ќе обезбедиме гас до секое училиште, амбуланта, детска градинка, институција, до фирмите и до секое домаќинство во Гази Баба.

Градиме по план, ново училиште во Хиподром и градинка во Стајковци

Нова современа градинка ќе ги згрижува децата од предучилишна возраст од Стајковци и околните населени места, а во Хиподром ќе биде изградено комплетно ново основно училиште.

Здравје за сите, изградба на нова поликлиника во Автокоманда

На местото на старата и руинирана поликлиника во Автокоманда, во соработка со централната власт ќе биде изграден нов, модерен здравствен објект со што ќе се унапреди здравствената заштита во општината.

Асфалтирани улици за брз, безбеден и ефикасен сообраќај

Го решаваме деценискиот проблем со неасфалтираните улици низ целата општина. Паралено со асфалтирањето, ќе се поставува и фекална и атмосферска канализација со што ќе се обезбедат достојни услови за живот.

Го унапредуваме спортот, изградба на базен во СРЦ Хиподром

Во рамки на постојниот СРЦ „Хиподром“, покрај придружните спортски објекти и атлетски патеки, ќе биде изграден и отворен базен со придружни содржини.